СЕНЦЕ, oпштината Маврово и Ростуша
Црква Св. Богородица, село Сенце
4-807-073/16 Е-НД / 41°40′57.2″N 20°39′34.3″E
Црквата Света Богородица во селото Сенце е тробродна базилика со апсида и двоводен покрив. Црквата е ѕидана од кршен камен додека прозорските окна и полукружните портали на западната и северната страна се изработени од делан камен. Поткровниот венец е обликуван со два реда запчесто редени тули. Лунетата над северниот портал е обликувана со двојно прекршен исламски лак, како што е случајот со тространата апсида на источната фасада, која е ѕидана од масивни делкани камења профилиран со три плитки полукружни ниши кој во горниот дел завршуваат идентично со овој карактеристичен лак. Над централната ниша пробиен е кружен отвор во форма на крст. Во наосот, централно е подигната слепа купола, додека на западнатата страна е подигната дрвена галерија на кат со мушарабија. Храмот не е живописан.
Иконостасот е изработен во длабока резба од страна мијачки копаничари (К. Балабанов. А. Николовски, Д. Ќорнаков, Споменици на културата на Македонија, Скопје 1980). Икони за двокатниот иконостас ги изработиле: непознат зограф во 1841 г., Дичо Зограф (1855 г.) и Теодосија Костич од Лазарополе во 1930 г. (рег. икони 9296-9299)
Зачувување и промовирање на македонската култура преку реставрирање, снимање и архивирање. Услови за користење
Целиот материјал содржан во збирките на MKР е заштитен со авторски права на Creative Commons Attribution.
Контактирајте не доколку сакате да ги користите нашите фотографии или да придонесете со материјал за МКР.
© 2024, MKR, Inc. - NMK