Кракорница, oпштината Маврово и Ростуша Црква Св. Архангел Гаврил, село Кракорница (рег. икони 7902-7926) 4-807-043/66 Е-НД / 41° 45′ 20.3″ N, 20° 41′ 43.2″ E
Црквата Св. Архангел Михаил во селото Кракорница е еднокорабна градба со припрата на западната страна и лачна камбанарија поставена во централниот дел. Препокриена е со лимен кров на две води. Датира од XV век (?), првпат е обновена во половината на XIX век а поново обновена е во 1998 г., кога е фрескоживописана. Во олтарниот простор, во две ниши се зачувани две сцени од постариот фрескоживопис: Распетието Христово и Исус Христос во пехар опкружен со два ангела, каде што во натписот на дарителот е забележана годината 192(3). Иконостасот е двокатен со иконостасен крст со обновена дрвена конструкција. Од повеќето зографи кои работеле на иконописот во црквата познати ни е само Хаџи Анагност (1847).
Зачувување и промовирање на македонската култура преку реставрирање, снимање и архивирање. Услови за користење
Целиот материјал содржан во збирките на MKР е заштитен со авторски права на Creative Commons Attribution. Контактирајте не доколку сакате да ги користите нашите фотографии или да придонесете со материјал за МКР.