БОГДЕВО, oпштината Маврово и Ростуша
Црква Св. Димитрија, село Богдево
4-807-007/57 Е-НД
(рег. икони 9007-9028)
Црквата Св. Димитрија во село Богдево е изградена во 1910 г., според натписот запишан на патронската ниша над западниот влез во храмот. Во натписот, под лунетата со патронската сцена на св. Димитриј на коњ како го убива воинот, се запишани заслужните за подигањето на црквата и воедно дадена е информација за зографот Русе Крстиќ од Лазарополе кој во 1924 г. бил ангажиран за сликање на ѕидната декорација на храмот:
Овој храм Св. Велиомуч. Димитрија, подигнут је 1910 год. од прикупљених прилоге и помеђу друшт. срп. браћа у Београду. За прикуплење прилога и подизање овога храма старали се, Василије Јевтимовић учитељ и Артемија Серафимовић оба из Богдево. Освећен од Њ.В. преосвешт. Митрополита Скопљанског г. Варнава 21/8-IX-1912 год. Унутрашности цркве израдио иконописац Русе Крстић из Лазаропоље 5-III-1924 г.
Црквата претставува еднокорабна градба со шестоаголна апсида на источната страна. Кон западната страна во поново време е додаден нартекс. Покривот, денес обновен со лим, е двоводен со мала шестоаголна купола поставена кон западната страна. Храмот е ѕидан од кршен камен, додека на аглите и завршниот венец употребени се тесани блокови камен. На северниот ѕид има еден правоаголен прозор, додека на јужниот два, изработени од правоаголни тесани блокови камен. Во горниот дел на апсидата пробиен е крстест отвор.
Наосот на црквата има трикатен иконостас на источната страна, на кој е поставен голем крст, додека на западната страна е изградена подигната галерија. Храмот е засводен со широка централна слепа купола. На врвот од куполата е насликана биста на Исус Христос Пантократор (i"S "HS VSEDER@ITELX), како, со десната рака благословува а во левата држи отворено евангелие со текст: (AZ\ ESMX /SV]TX MJ /RA,SV]T /MJRA NE /PRIDETX /KO MN]GO /PRIDWTX /KO BwGA). На прстенот околу медаљонот напишан е текстот: (GOSPODI GOSPODI PRIZDRI SNEBESE, VI@DX I POSVxTXi HRAM\ SEI EGw@E NASADI I OUTVERDI DESNICA TVOx).
Во плиткиот тамбур на купола, крстовидно насликани се четирите евангелисти со своите персонификации. Западно, под Христос е насликан е евангелистот Марко со лавот до него (S"TXiI AP. I EV. MARKO), со текст на отворениот кодекс: (ZA^ALO/ E"UGLJA/ i"ISA HR/ ISTA/ S..BO/ @v). Источно, над Христос е насликан евангелистот Лука со претставата на јунецот (S"TXiI AP. I EV. LyKA), со текст на отворениот кодекс: (PONE@E/ OUBw ^I/ ..TI NA/ ^A[A). Потоа кон северната страна е насликан евангелистот Матеј со ангелот покрај себе (S"TXiI AP. I EV. MAtEI), со текст на отворениот кодекс: (KNIGA/ RODSTVA/ i"ISA HR/ ISTA/ DAVIDO/ VA S"NA/ AVRAAM/ Ax). На јужната страна поставен е евангелистот Јован со претставата на орел (S"TXiI AP. I EV. JwANN\), со текст на отворениот кодекс: (VO NA^A/ L] B]/ SLOVO I/ SLOVO B]/ K\B"Gy/ I BOG/ B] SLOVO/ SEI B]). Во левиот агол од сцената на евангелистот Јован е запишан потписот на сликарот: Направено на 2 ноември 1923 година од иконописецот Русалим Крстиќ од селото Лазарополе.
Помеѓу евангелистите насликани се претстави на стоечки фигури на пророци: св. пророк Соломон (S"TXiI PR. I CAR SwLOMON\), со текст на отворениот свиток: (SEI GOSPODX NEBw I ZEMLx SOZDA); св. пророк Давид (S"TXiI PR. I CAR DAVID), со текст на отворениот свиток: (SLI[I D{ERI I PRIKLONI OYHO TVOE); Илија (S"TXiI PR. ILiI), со текст на отворениот свиток: (REVNyJA PO REVNyVAHX PO G"SD] BOZ] VSEDER@ITEL]); и св. пророк Елисеј (?)(S"TXiI PR....) , со текст на отворениот свиток: (wT^E wT^E KOLESNICA IZRAILEVA I KONICA EGw).
Зачувување и промовирање на македонската култура преку реставрирање, снимање и архивирање. Услови за користење
Целиот материјал содржан во збирките на MKР е заштитен со авторски права на Creative Commons Attribution.
Контактирајте не доколку сакате да ги користите нашите фотографии или да придонесете со материјал за МКР.
© 2024, MKR, Inc. - NMK