Современи методи за проучување, систематизирање и презентирање на културно-историското наследство на база на личните архиви

Во тек е изработка на првиот МКР ЦД каталог.

Ова богато илустрирано ЦД претставува фреско-прикажување на уметноста во средновековните цркви.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Св. Богородица Лешок

Црква „Св. Богородица“ во Лешок. Полошката Котлина била центар на црковните активности во tетовскиот крај. Во Долни Полог, во близина на селото Лешок, постоел значаен манастирски комплекс. Во него се издвојуваат стариот манастир „Св. Атанасиј Александриски“ и црквата „Св. Богородица“. Црквата „Св. Богородица“ за првпат се спомнува во повелбата на кралот Стефан Дечански од 1326 година, кога тој ја приложил кон црквата „Св. Богородица Левишка“ во Призрен. Врз основа на тоа, се претпоставува дека црквата „Св. Богородица“...

Прочитај повеќе »

Зачувување

Идентификување, прибирање и публикување на личните фото архиви на нашите првите истражувачи/пионери во областа на заштитата на културното наследство во Македонија со цел зачувување во колективната меморија и значајот за културното наследство како универзална вредност

Организирање

Современи методи за проучување, систематизирање и презентирање на културно-историското наследство на база на личните архиви

Промоција

Дигиталната презентација на фотоархивите од културното наследство ќе придонесат за поширока едукација и свесност на јавноста за нивно автентично зачувување и заштита на спомениците на културата, нивно напредно изучување, презентирање и креативно реанимирање

Ние сме МКР

Ние сме тим од волонтери, историчари на уметност, компјутерски експерти, љубители на културата, кои би сакале да го споделат нашето наследство со остатокот од светот.

Македонска Културна Ризница

Македонска Културна Ризница
МКР е непрофитна организација која го чува и промовира културното наследство. Макропроектот Македонска културна ризница има за цел да ги искористи постоечките лични архиви на експерти од областа на културното наследство преку кој ќе ги остварува своите зададени цели во правец на воведување на современи методи во насока на дигитализација на културното наследство (интернет, 3D, HR итн.)

MKR Содржина

Иако содржината на збирките на MKR е бесплатна за користење, постојат и одредени ограничувања за комерцијална употреба и правилно превземање на материјалот. Следете ги линковите подолу за повеќе информации.

> МКР Лиценца за Превземање

> Барање слика

МКР прифаќа и придонес на материјали. Ве молиме контактирајте не со кој било материјал што сакате да го објавите на нашата веб-страница.

Контакт

МАКЕДОНСКА КУЛТУРНА РИЗНИЦА
ул. Ганчо Хаџипанзов бр. 26
1000 Скопје

info@mkr.mk

© 2024, MKР – РСМ