За нас

Know Your Heritage

Македонска Културна Ризница
МКР е непрофитна организација која го чува и промовира културното наследство. Макропроектот Македонска културна ризница има за цел да ги искористи постоечките лични архиви на експерти од областа на културното наследство преку кој ќе ги остварува своите зададени цели во правец на воведување на современи методи во насока на дигитализација на културното наследство (интернет, 3D, HR итн.)

ОПИС НА ПРОЕКТОТ

МАКЕДОНСКА КУЛТУРНА РИЗНИЦА
(истражување, идентификација, фото и дигитална документација)

Ризницата на културното наследство на Македонија, создавана во текот на средновековната и подоцнежната епоха, сè до почетокот на минатото столетие, опфаќа голем број на споменици кои припаѓаат на различни историски епохи и ги одразуваат плодните творечки идеи на поднебјето и разновидните стилско-ликовни концепти и трендови. Византиските и поствизантиските сакрални споменици и исламските сакрални и профани објекти, претставуваат сведоштво за долгиот континуитет на уметничката традиција на македонското подрачје, на кое во текот на повеќе од еден милениум постоел трансфер на идеи и уметнички концепти, кој ги рефлектирал разновидните религиски и национални струења, обединети во творечкиот чин на уметничката креација. По своите архитектонски карактеристики и специфики и по ликовните квалитети и дострели, византиските, поствизантиските, исламските и спомениците од периодот на преродбата, припаѓаат на општото културно милје на балканскиот простор и сведочат за драгоцениот придонес на македонската територија во формирањето на единствениот уметнички трезор на Југоисточна Европа.

Макропроектот Македонска културна ризница има за цел да ги искористи постоечките лични архиви на експерти од областа на културното наследство преку кој ќе ги остварува своите зададени цели во правец на воведување на современи методи во насока на дигитализација на културното наследство (интернет, 3D, HR итн.)

The Center for Cultural and Spiritual Heritage, for the needs of implementing the macro-project Macedonian Cultural Treasury, undertakes the obligation to take care of the “Darko Nikolovski Cultural Heritage Fund” – a photo archive and scientific library – which represents one of the richest and most significant funds containing about 300,000 digital photographs/slides and at the same time a personal library of over 2000 individual monographic editions and other professional literature from the Byzantine and post-Byzantine area of ​​the soil of Macedonia and the Balkans.

Центарот за културно и духовно наследство,за потребите на реализирање на макропроектот Македонска културна ризница,ја превзема обврската да се грижи за „Фондот за културно наследство Дарко Николовски“- фотоархива и научна библиотека - кој претставува еден од најбогатите и најзначајните фондови кој содржи околу 300.000 дигитални фотографии/слајдови и воедно лична библиотека од над 2000 поединечни монографски изданија и друга стручна литература од византиската и поствизантиската област на почвата на Македонија и Балканот.

Oвие истакнати личности, кој својот работен век го поминале во областа на заштитата на културното наследство и музеологијата на почвата на Македонија и околните Балкански земји, тие, во својот долг и плоден творечки живот, за своите истражувачки и авторски ангажмани имаат создадено свои лични фотоархиви. Цениме дека оваа фотодокументација коа е со незаменлива автентичност за спомениците на културата, ќе остане во заборав на времето ако не се превземат организирани мерки за нивно прибирање, дигитализирање и публикување на пошироката стручна јавност.

Цели на оваа програма се:

- дигиталната презентација на фотоархивите од културното наследство ќе придонесат за поширока едукација и свесност на јавноста за нивно автентично зачувување и заштита на спомениците на културата, нивно напредно изучување, презентирање и креативно реанимирање

- идентификување, прибирање и публикување на личните фото архиви на нашите првите истражувачи/пионери во областа на заштитата на културното наследство во Македонија со цел зачувување во колективната меморија и значајот за културното наследство како универзална вредност

- Современи методи за проучување, систематизирање и презентирање на културно-историското наследство на база на личните архиви

- можност за прибирање и презентирање на стручнте библиотеки и фото архиви и на останатите експерти од оваа област кои ја имаат истата идеја за споделување на своите архиви

- Презентација на фотоархивата на специјализиран интернет портал
- Воведување 3D и ХR (Extended Reality) технологија во областа на културното наследство

Предвидените цели ќе бидат реализирани преку следните истражувачко-едукативни проекти:

Документирање на сакралното наследство (архитектура, живопис и иконопис)(потребата од итно документирање на сакралното наследство како прв чекор кон нивна заштита е предизвикано од неповратниот процес на масовната миграција на селата кон градските центри при што споменичното наследсто е оставено на забот на времето во отсуство на комплетна негрижа од страна на имателите и званичните институции кои ја имаат оврската за нивна заштита и преезентација)

- Корпус на архитектонското и ѕидното сликарство во Македонија 9-19 век

- Дигитален каталог – Иконите од македонската колекција во спомениците на културата

- Градителските и зографските тајфи од Македонија

- Мониторинг на културното наследство

- Центар за брзи интервенции за документирање на културно наследство во опасност

Едукативни активности

- Организирање семинари и работилници за едуцирање и унапредувањето на знаења на кадрите кој работат во доменот на заштитата на културното наследство

- Едукација и конзервација во соработка со имателот Македонската Православна Црква -ОА и црковните одбори задолжени за одржување на црквите

Издавачка дејност

- Издавање дигитални и принтани изданија за презентација на спомениците на културата, зографските школи и регионалното наследство со цел популаризирање и афирмирање на историските и артистичките вредности на спомениците кои придонесуваат во зголемувањето на фондот од научни и едукативните едиции на културното наследство од почвата на Македонија и Балканот.

Јавен бенефит

- Соработка со сродни стручно-научни институции во споделување на нови знаењата и унапредувањето на вештините во областа на заштитата и популаризацијата на културното наследство со посебен акцент на воведување новите технологиии 3D и ХR (Extended Reality) во областа на културното наследство

Нашиот тим

Да се ​​осигуриме дека нашите колекции ги надминуваат корисничките очекувања, за квалитет, стил и достапност.

Дарко Николовски
Основач и претседател,
MKР.

Центар за културно и духовно наследство

MKR Содржина

Иако содржината на збирките на MKR е бесплатна за користење, постојат и одредени ограничувања за комерцијална употреба и правилно превземање на материјалот. Следете ги линковите подолу за повеќе информации.

> МКР Лиценца за Превземање

> Барање слика

МКР прифаќа и придонес на материјали. Ве молиме контактирајте не со кој било материјал што сакате да го објавите на нашата веб-страница.

Контакт

МАКЕДОНСКА КУЛТУРНА РИЗНИЦА
ул. Ганчо Хаџипанзов бр. 26
1000 Скопје

info@mkr.mk

© 2024, MKR, Inc. – NMK